Koj e Љубомир Михајловски -Џанго новиот претседател на Адвокатската комора

Адвокатите  го избраа заменикот на Никола Додевски.  Љубомир Михајловски-Џанго ја доби довербата да биде на чело на адвокатската комора.

Кој е Љубомир Михајловски-Џанго?

Јавноста го знае како поранешен министер за внатрешни работи , оваа функција  ја извршувал од 17 декември 2004 до 26 август 2006.

Михајловски дипломирал на Правниот факултет во 1980 година. Во периодот од 1981 до 1983 година работел како пазарен и трудов инспектор во Собранието на Општина Центар.

фото:Глобус магазин

Од 1983 до 1999 година бил потсекретар во Министерството за внатрешни работи каде обавувал повеќе функции.

Во МВР работел и како инспектор во Управата за оперативни работи во СВР – Скопје, самостоен инспектор за спречување криминал, виш инспектор за спречување криминал, виш инспектор за недозволена трговија со дрога, началник на Одделението за општ криминал, началник на Секторот за сузбивање на криминал, заменик на помошникот министер за криминалистичка служба во МВР и началник на Управата за внатрешни работи – Охрид, Кичево, Дебар и Струга.

Во периодот од 2000 до 2002 година работел како адвокат, а од 2 декември 2002 ја обавувал функцијата директор на Царинска управа.

 Михајловски важи за истакнат адвокат во најчуствителната материја од правосудството, а тајната на неговиот успех да биде добар кривичар во едено интервју за Академик Џанко вели дека треба да имате одлично познавање на форензиката.

Треба да се има познавање од материјалните траги за да застанете наспроти обвинителството и да ги интерпретирате своите докази, тука мислам на материјалните како што се траги од крв, оружје, парафинска ракавица.  Добар кривичар мора да е добро упатен во областа на финансиски документи кога брани кривични дела од област на финансии, даноци, итн. Мора да ги познава и другите прописи, а не само ЗКП и КЗ. Добар кривичар треба да знае да ги цени доказите, за да може евентуалните грешки во обвинението во поглед на доказите да ги исправи на главниот претрес, да предлага нови докази, да има квалитетно познавање, за да даде квалитетна одбрана, кажа тој.

Негови заменици се избрани Јелена Ристиќ и Бесим Реџепи. Адвокатската комора на Македонија доби и нов Управен одбор.

За фотелјата претседател на Адвокатската комора се бореа и  Звонко Давидовиќ,  Наташа Трпеновска Тренчевска и Димитар Панчевски.

Translate »