Фамилијарен рецепт на ајвар од Македонија прерасна во сопствен бизнис во Америка
Кристина и Михаела се мајка и ќерка кои живеат во сојузната држава Охајо, во градот Кантон. Тие по потекло се од Македонија, и благодарение на рецепт за ајвар кој го чувале од нивните баба и дедо, денес можат да се пофалат и дека одлично заработуваат.
„Секоја година тие правеа ајвар. Најпрво ги печеа пиперките, ги лупеа и ги чистеа од семки. Правеа и сопствен сок од патлиџани“, вели Кристина.
Уште пред неколку години тие започнале да прават ајвар само за себе и семејството, па од таму им дошла и идеата за нов бизнис. Ајварот го продаваат во над 90 дуќани во државата Охајо и уште 6 други сојузни држави по цена од 8 долари за тегла.
Побарувачката е огромна и тие веќе размислуваат за проширување на бизнисот.
Ајварот се продава под името Rust Belt Pepper relish,. Содржи: црвени пиперки, масло, сок од домати, лук, шеќер, оцет, и сол. Се препорачува да се јаде со јајца, месо на скара, и риба, како и со паста и пица и сирење.
Погледнете го видеото