Заев со премиерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора, на средба со Могерини
Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, вечерва во Брисел ќе има неформална работна вечера со премиерот Зоран Заев и премиерите од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора.
Како што соопштија од прес-службата на Могерини, на вечерата ќе присуствува и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, а главна тема ќе биде соработката и размена на мислења за регионални теми.
Се очекува на средбата да биде разговарано и за европските перспективи на регионот, како и за Стратегијата за Западен Балкан, која во февруари ќе ја објави претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јунер.
Пред вечерата, Могерини ќе има и билатерални средби премиерите од Западен Балкан.