Човек каснат од куче во центарот на градот
Нападите од кучиња зачестија. Скопјанецот Б.Д. (71) вчера попладне во полиција пријавил дека на плоштадот „Македонија“ пред ,,Ристиќева”палата бил каснат од куче.
Според неговото тврдење, бил нападнат од група кучиња – скитници, при што едно од нив го искасало за раката, по што се упатил во болница каде добил лекарска помош.