Да навиваме денес за Македонија, за победа над Австрија

Да го заборавиме мечот против Полска и да се сконцентрираме на она што следува вечерва. Тоа е пораката од сите нас до фудбалската репрезентација на Македонија која вечерва од 20:45 минути на Арената Тодор Проески ќе го одигра четвртиот меч од тековните квалификации против репрезентацијата на Австрија.
Нашиот тим се соочува со резултатски императив со оглед на поразот во петокот од полјаците но селекторот Ангеловски вчера на официјалната прес конференција истакна дека тоа е само мотив повеќе за нас и дека мора да научиме од грешките.

„Секоја репрезентација си има предности и недостатоци па така и Австрија. Доколку ние бидеме на потребното ниво и не ги направиме грешките од мечот со Полска ќе биде ок за нас„ – истакна селекторот Ангеловски.

Нашиот состав ќе биде ослабен за Висар Муслиу и најверојатно Елиф Елмас кој вчера не тренираше, туку лекарскиот тим се обидуваше да го оспособи за игра. Од друга страна пак, вечерва од 20:45 на Арената Тодор Проески нема да настапи ниту Давид Алаба звездата на БАерн Минхен кој се повреди на последниот меч против Словенија. Од нашата група уште вечерва играат и Летонија – Словенија.

Translate »