Д-р доц. Катерина Ставриќ ќе ја замени Софијанова на детска клиника

Доктор Катерина Ставриќ ќе ја замени Аспазија Софијанова на директорското место на Клиниката за детски болести. Иако се уште се прават калкулации за некои од клиниките, неофицијално се шпекулира дека Дејан Докиќ  е избор на Клиниката за пулмологија, Анѓелко Андоновски кадровик на СДСМ ќе седне во директоркста фотеља во болницата за белодробни заболувања кај децата во Козле. Стојан Бајрактаров ќе биде директор на Клиниката за психијатрија, Јане Нетковски ќе директорува со Клиниката за уво нос и грло. На Клиниката за кожни болести ќе директорува Нина Цаца Биљановска, а Ирина Пановска на Клиника за хематологија.

На пластична хирургија на местото на Смиља Туџарова доаѓа Софија Пејкова, на Клиника за ендокринологија е назначен Горан Петровски.

За нов директор на Градската општа болница „8 Септември“ ќе биде назначен Христијан Костов исто така кадровик од владеачката партија и тој ќе го замени Сашо Стојчев. Како што и најави заменик министерот Гоце Чакаровски во првиот бран ќе има смена на 33 директори, а до петок се очекува да се комплетира листата и да бидат назначени сите нови директори во здравствените установи низ цела држава. Се очекува министерот за здравство Арбен Тараври во текот на денот официјално на прес конференција да ги објави имињата на новоназначените директори.

Translate »