Кривичен: Ќе им се суди на “Алфите”, но не и на Сашо Мијалков

Да им се суди на поранешниот шеф и уште пет припадници на единицата АЛФА за апсењето на Љубе Бошковски, но не и на Сашо Мијалков. Таква одлука донел скопскиот Кривичен суд, откако само делумно го прифати обвинението на Специјалното јавно обвинителство за предметот „Тортура“.

Советот за оценка на обвинителен акт го одобрил обивнението само за шестмината обвинетите припадници на полициската единица алфи а го одбил обвинението во делот на првообивнетиот Мијалков, потврдија од судот и од СЈО.

СЈО ја подготвува жалбата против ваквата одлука. Сите седумина обивнети во овој предмет СЈО ги товари за кривично дело мачење и друго сурово постапување .

Makfaks.mk

Translate »