Сликата ќе ви открие каков тип на личност сте кога ќе ве нападнат!

Агресијата е  симбол на модерното време. Со неа се среќаваме  на работното место , но и дома. Најчесто е вербална, но во потешки случаи може да премине  и  во физичка.  Начинот на кој се справуваме со оваа појава,кажува многу за нашата личност. Со помош на овој тест ќе одредите како вие реагирате во агресивните ситуации и како да ги надминете вашите слабости.

Од четирите слики во колажот , одберете една што би ја нарекле “Агресија”. Која од сликите подолу  кај вас предизвикува негативна и одбранбена енергија или  ве прави несигурни и немирни.

 

1. Вие ги разрешувате конфликтите со агресија. Кога се соочувате со агресивна личност,  вие почнувате да напаѓате со истото  оружје. Не бирате средства за да дојдете до посакуваната цел и дда  постигнете резултати. Затоа вашето однесување е често агресивно . Притоа употребувате вербални напади или ги  манипулирате  противниците. Ве советуваме да не ги повредувате другите. Бидете агресивни само ако сте во ситуација  кога конфликтот треба да го решите брзо, односно како што вели народот да “пресечете” за да излезете како победник , а не победен.

 

 

2. За вас е  најважно да и  се допаѓате на околината. Ако настане конфликт, се повлекувате  пред противникот и многу  ретко возвраќате на агресијата . Поради ваквото ваше однесување,  речиси секогаш губите, а тоа ве полни со  негативните емоции.  Ви препорачуваме  да не го  користите овој образец, освен ако  не морате, бидејќи  другите ќе почнат да ве сметаат за личност без сопствено мислење и достоинство.

3. Вие имате тенденција да ги игнорирате и избегнувате конфликтните ситуации. Ако можете, ќе ја напуштите просторијата, а ако немате таква можност,  ќе го прекинете разговорот за темата  која е конфликтна.  Поради ваквото однесување ,  вие не го добивате тоа што го сакате, а проблемот  останува неразрешен. Научете како  да  бидете” деликатно ” агресивни, односно  да не употребувате силни зборови, туку на фин начин, со избрани зборови да му парирате на противникот за да го измамите и да го решите конфликтот во своја корист.

4. Секогаш се  обидувате да најдете компромис, дури и ако тоа значи дека нема да  ги постигнете своите цели.  Вие сакате на крај од расправијата сите да се чувствуваат задоволни. Од една страна тоа е убаво, бидејќи овозможува  односите да останат нормални и пријателски , но од друга страна , секој од  учесниците во конфликтот,  ќе мора да  жртвува дел од своите интереси. Ваквиот модел на однесување  е добар само доколку треба да  се постигне заедничко решение за проблемот, но ако сакате да го убедите  другиот и да излезете како победник чие мислење доминира,  тогаш ќе ви треба поагресивен пристап.

Translate »