Дали вистинската љубов мора да биде тажна или  дали опсесивната љубов е вистинска?Овие прашања секогаш биле инспиративни за големите писатели. Жените исто така биле вечна инспирација.

Франсис Скот Фицџералд (24 септември 1896 – 21 декември 1940), американски писател, автор на култниот роман “Големиот Гетсби”, но и на “Необичниот случај на Бенџамин Батон”, според кои се снимени и филмови во Холивуд, бил исто толку успешен колку што и неговиот љубовен живот бил трагичен. Пишувал романи и раскази. Ф.С. Фитцџералд важи за еден од најголемите ликови во американската и светската литературa. Тој е сметан за дел од групата на тнр. „Изгубена генерација“ заедно со останати светски познати автори како на пример Ернест Хемингвеј.Фицџералд напишал пет романи, од кои еден е објавен постхумно, вклучувајќи го светски познатото дело ,,Големиот Гетсби,,. Има напишано и голем број на раскази.

Тој пишувал романи и раскази во кои главната тема биле младост, очај и стареење, важел за еден од најголемите ликови во американската и светската литература. Тој  бил славен, но како што вели една изрека, зад секој успешен маж стои успешна жена, па така и зад Скот Фицџералд стоела неговата сопруга Зелда со која во најмала рака имал, фасцинантен, страствен и трагичен живот.

Зелда честопати ја нарекувале “љубовта на Фицџералд”, “мајка на ќерката на Фицџералд”, “проблематична жена”, “муза со краток фитил”” и други описи кои ја претставуваа како позадинска слика на големиот уметник . Но, Зелда не била жена родена за позадина.

Таа слично како ликот на Дејзи во Големиот Гетзби била скандалозна во тоа време позната по своето слободно однесување, невообичаено за жените од тој период ,а се чини дека животот и работата на оваа уметница и писателка ја фасцинирале публиката 70 години по нејзината трагична смрт. Зелда Фицџералд е родена во 1900 година во Монтгомери, Алабама во богато семејство уживала во животот полн со повластици.
Била симпатична, интелегентна, смешна и паметна, иако едно од нејзините недостатоци било нејзиното постојано барање на публика.

Во своите тинејџерски години покажала голема тенденција за пишување, а во средношколскиот весник открила: “Возам мотоцикли, сакам да џвакам мастика, пушам во јавност, пијам џин, излегувам во ноќта да пливам на месечина со момчињата во Катома Крик, а потоа се појавувам на доручек како ништо да не се случило. Набргу по завршувањето на средното училиште во 1919 година, се запознава со Ф. Скот Фицџералд во драмскиот клуб. Фицџералд бил одушевен од нејзиниот слободен дух и ја коментирал средбата со Зелда: “Ја сакам и тоа е почеток и крај на се”.

 

Скот иако не бил од нејзината класа и предложил брак, но бил одбиен. Но, кога е објавена книгата “Оваа страна од рајот”, Зелда го променила мислењето. Парот се венчал една недела откако дебитантскиот роман на Скот излегол во продажба и речиси веднаш станал бестселер.

Две години подоцна, малата Франсис “Скот” Фицџералдд се приклучила на парот кој набргу поради финансиски проблеми се преселил во Франција, каде што Фицџералд го напишал Големиот Гетсби, а Зелда научила да слика. Нејзиниот немирен дух и кревкото менталното здравје добро се носле со сликарство и танцување. Дури добила и повик за танцување во Кралскиот балет во Италија во 1928 година. Меѓутоа, ја одбила понуда и одлучила да пишува кратки приказни.

 

Фицџералд честопати говорел дека Зелда го плагирала неговиот труд, а таа му возвраќала со иста мерка.  Бракот на Фицџералдови бил со насилство, алкохолизам и јавни несогласувања. Проблемите на Зелда со менталното здравје растеле. Падот на берзата во 1929 година предизвикал слична несреќа во нивниот екстравагантен животен стил. Една година подоцна на Зелда и е дијагностицирана шизофренија. Тоа бил и почеток на нејзините третмани во разни ментални клиники.

Големата депресија и лошото ментално здравје на неговата сопруга го уништиле Фицџералд и на 21 декември 1940 година тој починал од срцев удар на возраст од 44 години.
Како проклетство, неговата смрт била претходник на трагичниот крај на Зелда. На 10 март 1948 година, во Хајленд болницата во Ашелвили, во Северна Каролина, започнал пожар. Зелда (47), која била под седативи и заклучена во соба додека чекала на нејзината терапија со електрошокови, починала во огнот со осум други пациенти.

На гробот на Зелда и Скот Фицџералд во Роквил, Мериленд, запишана е последната реченица на Големиот Гетсби: И така пловиме понатаму, како бродови наспроти струјата, непрестајно враќајќи се кон минатото.“