Сте чуле ли за “бугарскиот метод”? Холанѓаните покренаа цела кампања за да го запрат!
Министерството за внатрешни работи и правда во Холандија покрена јавна кампања против таканаречениот “бугарски метод” на кражби. Во видеата кои ги објави холандското министерство учествуваат познати јавни личности и полицајци кои на интересен начин ги предупредуваат граѓаните како да ги заштитат своите домови од провали и кражби, кои во оваа земја ” нагалено” ги викаат бугарски. Ова предизвика згрозување и остри реакции меѓу Бугарите кои живеат во таа земја, но и во Софија, од каде порачуваат дека се работи за класична антибугарска кампања. Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски побара официјално извинување од Кралството Холандија, а упати и прашање до Европската Комисија: дали е дозволено земја членка во ЕУ, како Холандија , да врши ваква скандалозна пропаганда против граѓаните на Бугарија , која исто така е во Унијата.
Како што се гледа во видеото, со “бугарскиот метод” вратата може да се обие за помалку од една минута. Се работи за најчест начин на кражби во Холандија.