Трагедија на автопат во Австрија, мртви и повредени Босанци и Срби
Тешка сообраќајна несреќа се случи во Австрија, во која загина 53 годишниот Шефкија Скендеровиќ од Босна, а тешко поведени се уште двајца негови земјаци и еден Србин. Скендеровиќ со своето комби застанал да му помогне на Србинот , кој поради дефект на автомобилот застанал на автопатот. Додека ја поправале колата , на нив налетал камион, управуван од 34 -годишен маж од БИХ. На настраданите им помагале дури 25 пожарникари и 4 противпожарни возила.