Имаат седум години и се најубавите близначки на светот
Родени се во 2010 година, а за нив велат дека се најубавите близначки на светот. Леа Роуз и Ава Мари имаат само седум години, а нивната мајка го потпишала првиот договор со агенцијата за модели кога девојчињата имале само 6 месеци. Набрзо сфатила дека тоа е прерано и дека претставува само малтретирање за децата. Но, кога напуниле седум години, таа ги објавила нивните фотографиите на Инстаграм и оттогаш нивната популарност расте со вртоглава брзина.Тиесега имаат над 180 000 следбеници на Инстаграм. За кратко време тие имаат потпишано неколку договори за рекламирање на детска облека, а им се приклучи и нивниот постар брат .