Земјотрес во Македонија
Земјотрес со магнитуда од 5,2 степени според Рихтеровата скала со епицентар 30 километри западно од Пеќ, Косово, е почуствуван претпладнево во 11:46 часот во Скопје и северозападна Македонија.
Епицентарот на земјотресот е во Плав, 60 километри од Подгорица. Според Европскиот-медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил на длабочина од 10 километри.