Ослабнал 200 килограми! Најдебелиот човек на светот – Сторија на Би-Би-Си (Видео)

 

33-годишниот Хуан Педро Франко за првпат, по седум години, станува од кревет и сам се движи.  Вели дека се чувствува одлично, откако ослабнал над  200 килограми. Тој во моментов тежи 336 килограми и се уште е најдебелиот човек на светот. Во намалувањето на тежината му помогнале двете операции, со кои му бил намален капацитетот на стомакот.

Поради дебелината Хуан има проблеми со високиот притисок и дијабетесот.  Сепак тој е расположен, свира гитара, интензивно држи диета и ужива во малите работи. Лекарите се оптимисти дека тој ќе успее да ја нормализира тежината и ќе го подобри своето здравје, кое поради килограмите му беше сериозно загрозено.   Тие се уште  немаат објаснување за неговата прекумерна тежина. На шест години тој имал 60 кг, а на 17 години 230 килограми. Пред операциите тежел 584 кг.

Translate »