Го убила осуммесечниот син бидејќи свекорот и ја силувал ќеркичката
38- годишна мајка, со српско потекло, го убила својот осуммесечен син Теодор, а потоа самата си ги пресекла вените ,во австријската болница Донаушпитал , пренесуваат медиумите во Австрија и Србија.
Мотивот за овој ужасен злочин, кој се случил на 3-ти јануари, било монструозното сознание дека дедото ја силувал нејзината четиригодишна ќерка.
– Сè било откриено кога мајката со нејзините две деца била примена во виенската болница бидејќи Теодор лошо се чувствувал – пишува виенскиот печат.
Лекарите се посомневале дека и со девојчето нешто не е во ред. По прегледот се покажало дека тоа било сексуално злоставувано.
Полицијата дедото го уапсила во понеделник, под сомнение дека ја силувал 4-годишната внука.
Извори блиски до истрагата тврдат дека свекорот, инаку пензиониран висок службеник во министерство, имал сексуални односи со девојчето за време на божиќните празници.
-Кога жената разбрала што се случило и се срушил светот. Во момент на нервно растројство го задушила синот со перница во болничката соба и избегала. Медицинската сестра ја пронашла со пресечени вени. Спасена е, се наоѓа на психијатрија и е вон животна опасност, велат болнички извори.