Tрчањето маратон или вежбање во теретана, треба да се заменат со пливање, пешачење и одење во сауна, совет од професор на Харвард

рофесор од Медицинскиот факултет на Харвард, Мин Ли смета дека трчањето маратон или вежбање во теретана, треба да се заменат со пливање, пешачење и одење во сауна.

Мускулите обликувајте ги со пливање и пешачење

Ли тврди дека пливањето е совршената вежба бидејќи не само што го активира секој мускул на телото туку и не врши притисок на зглобовите и кичмата. Пливањето го штити мозокот од стареење и го зајакнува срцевиот мускул. Пливањето му го препорачува на лицата кои имаат артритис или друга мускулно-коскена болка.

Редовното пливање (30-45 минути) ве прави поиздржливи, го подигнува вашето расположение и ја намалува депресијата. Без разлика на годините, посебно внимание треба да се посвети и на длабокото дишење.

Неколку студии покажале дека пешачењето позитивно делува на телото и мозокот. Го намалува ризикот од срцеви болести и инфаркт, го подобрува сонот, го намалува ризикот од висок притисок и дијабетес, штити од депресија, помага во бробата против стрес, го намалува ризикот од појава на рак на дојка и црева, го подобрува расположението, слабеете, позитивно влијае на зглобовите и ја намалува болката која е предизвикана од артритис.

Препорачува и користење на сауна со цел намалување на кардиоваскуларните болести и проблемите со срцето. Со редовна посета на сауна се ослободуваме од стресот, се намалуваат болките во мускулите и зглобовите, а посебен благодет од неа имаат луѓето со висок крвен притисок, висок холестерол и диабетис.

“За резултатите да имаат ефект бидете доследни”, вели Ли.

Translate »