Роналдо е повреден

Кристијано Роналдо e повреден откако даде два гола против Бетис од 7:1. Повредата ја доби  при постигнување на вториот погодок. Противничкиот играч со копачка го удри директно во лицето. Кристијано беше облеан во крв,при што веднаш побара мобилен телефон за да види какво му е лицето.

Откако се санираше повредата, јасно стана дека се работи за сериозна расекотина и тоа во непосредна близина на окото. Роналдо заработи неколку конци.

Тој самиот реши на социјалните мрежи да покаже за каква повреда се работи. Блиску до левото око има лузна од неколку сантиметри, како спомен од мечот со Бетис.

Translate »