Со квалитетно црвено вино против пропаѓање на забите
На црвеното вино досега му се препишуваа бројни позитивни бенефити врз здравјето, од зајакнување на работата на срцето до намалување на ризикот од шеќерни болести, а ново истражување сугерира дека содржи материи кои можат да помогнат во борбата против пропаѓање на забите.
Научниците откриле дека состојка во виното, позната како полифенол помага во борба против штетни бактерии во усната празнина.
Но, експертите предупредуваат дека тоа не е знак за виното да почне да се консумира во големи количини.
Поранешни истражувања исто така укажуваа на добрите здравствени ефекти од полифенолот, поврзани со тоа дека станува збор за антиоксиданс кој го штити телото од штетните слободни радикали, а новите истражувања покажаа дека полифенолот може да го подобри здравјето, дејствувајќи во соработка со „добрите“ бактерии.
Научниците го споредувале дејството на полифенолот од црвено вино во однос на семки од грозје и екстракт од црвено вино, и на бактериите кои се лепат за забите и предизвикуваат кариес и други заболувања на забите.
Тие забележале дека полифенолот од виното ја намалува способноста на бактериите да се лепат за забите, што спречува пропаѓање на забите.
Сепак, научниците предупредуваат дека е потребно да се извршат и понатамошни испитувања, бидејќи ова откритие може да води до можност за дентално лечење.
Експерти предупредуваат дека преголемата количина на црвено вино, меѓу другото, го оштетува и денталниот плак.