Ѕирнете во домот на Џенифер Анистон
Актерката Џенифер Анистон го отвори својот дом во Лос Анџелес за списанието „Architectural Digest“.
48-годишната актерка и нејзиниот сопруг Џастин Теру позираа на имотот кој таа го купи во 2011 година за 21 милиони долари.
Ѕвездата од хит серијата „Пријатели“ призна дека многу ѝ било тешко да дозволи Џастин да избира декорации за нивниот дом. „Ако не бев актерка, ќе бев дизајнерка. Го обожавам процесот. Постои нешто во изборот на материјали и текстури кое ми ја храни душата“ – изјавила Анистон.