Должници кон УЈП се и три телевизии

Над 4.539 фирми и граѓани должат милиони евра за неплатен данок, покажува најновата листа на неплаќачи на даноци на Управата за јавни приходи (УЈП).

Меѓу оние кои не платиле данок  вообичаено со највисоки суми се државните јавни претпријатија. На листата се приватни фирми, загубарите и компании во стечај.

Јавното претпријатие за заштита и одржување на регионалните и магистралните патишта и овој пат по основ на неплатен данок на државата и должи околу 7,5 милиони евра за данок на додадена вредност и данок на добивка.

Јавното претпријатие МЖ Инфраструктира пак должи 756 илјади евра за данок на додадена вредност.

Македонската  радиотелевизија должи 1,7 милиони евра.

Покрај јавниот сервис должат и две приватни телевизии:Алфа ТВ, должи 98.000 евра за ДДВ, додека пак Телевизија Нова  должи 19.000 евра .

Од компаниите пак најголем неплаќач на даноци  според листата на УЈП е „Отекс“ од Охрид со долг од близу 1,2 милиони евра.

На листата се уште стојат фирмите „Ел Дон Кастило“, „Индустрија Ел Азтека“ како и „Мотор Коач индустрија интернационал“.

 

Translate »