ВИДЕО: Јада по шести пат го развиори знамето на Македонија на ЗОИ

Од денес официјално започнуваат 23. по ред Зимски Олимписки игри (ЗОИ), кои ќе се одржат во Јужна Кореја, поточно во Пјонгчанг.

Повеќе од 2.000 луѓе ќе учествуваат на церемонијата, а премиерно ќе настапат олимпијци од Малезија, Сингапур, Еквадор, Еритреја, Нигерија и Косово. Македонија ќе го запише шестиот последователен настап на зимската Олимпијада. Нашите учества започнаа во Нагано 1998 година, кога исто како и оваа година, имавме тројца претставници.

На денешната свечена церемонија во македонската делегација се појавија Викторија Тодоровска и Антонио Ристевски, кои беа предводени од знаменосецот Ставре Јада.

izvor, gol.mk

Translate »