Земјотрес со јачина од 7,2 степени го потресе Мексико и остави речиси еден милион домови и канцеларии без електрична енергија во југот. Десетици згради се оштетени.
Две лица загинале при падот на воен хеликоптер кој ја проценувал состојбата по катастрофата. Во леталото се наоѓале владини функционери , но тие ја преживеале несреќата.
Извештаи за други жртви во земјотресот нема.