АНГЕЛОВСКА ЗА ПЛАТЕЖНИТЕ КАРТИЧКИ: НЕАКТИВНИТЕ БАРАТЕЛИ НА РАБОТА НЕМА ДА ДОБИЈАТ КАРТИЧКА, МЕЃУ НИВ ИМА ЛУЃЕ ШТО РАБОТАТ ХОНОРАРНО

„325 илјади граѓани ќе добијат платежни картички. Уште утре ќе бида исплатени 28 милиони евра директно до 9-те банки издавачи на картичките и веднаш ќе бидат ставени на располагање за трошење на средствата до граѓаните“, изјави министерката Нина Ангеловска за емисијата „Само вистина“.

Поради тоа што платежните картички не им следуваат на пасивните баратели на работа, министерката Ангеловска изјави дека нивната цела е да ги држат луѓето активни затоа што во економијата сите треба да придонесат таа да иде напред и да расте.

„Неактивните баратели не се всушност баратели, тие не се пријавени во Агенцијата за вработување и меѓу нив има и хонорарни лица. Најдоцниот рок за издавање на картичките е 18-ти јули, а рокот за нивно трошење е заклучно до 15-ти август“, појасни Ангеловска.

Translate »