Поставила камери во домот за да види зошто бебето хистерично плаче кога ќе ја здогледа дадилката. Снимките се сега доказ на суд!

Мајката прво забележала дека нејзиниот 8 месечен син секогаш кога ќе ја видел дадилката на врата, почнувал хистерично да плаче. Тоа и станало сомнително и одлучила да постави тајни камери низ станот. Она што го видела на видеото  ја шокирало. Дадилката Анастасиа Зелјабова (31)  е фатена на снимката како го плеска и тепа детето, му го држи носето додека пие млеко од шише, го фрла на земја  и го малтретира.

 

Младата мајка која се посомневала во дадилката

Мајката Еленеа Левендеева (26) го пријавила случајот во полиција.  Руските медиуми пренесуваат дека против  дадилката е покренат судски процес. За делото таа може да добие и до 10 години затвор.

Дадилката Анстасија може да добие и 10 години затвор, пренесуваат руските медиуми

Ова се снимките направени од надзорните камери поставени во станот. Руското обвинителство  врз основа на снимениот доказен материјал го темели случајот против дадилката.

 

 

Translate »