КОИ КОМПАНИИ ВО РЕГИОНОТ ИМААТ НАЈГОЛЕМА ВРЕДНОСТ?

loading...

 


Фото: Al Jazeera Balkans

Хрватската компанија „Ина“ е највредната компанија во регионот веќе втора година по ред. Според извештајот на „Сињуз топ-100 2017“, „Ина“ е вредна 3,837 милијарди евра.

На второ место се наоѓа романскиот „ОМВ Петром СА“, вреден 3,2 милијарди евра. Банката од Загреб на овогодишната листа напредувала пет места и се најде на третата позиција меѓу 100-те најуспешни фирми во Југоисточна Европа.

Меѓу првите десет компании од регионот се наоѓа словенскиот фармацевтски гигант „Крка д.д“, вреден 1,7 милијарда евра.

Највредната компанија во Србија е „Нафтена индустрија Србија“ и го зазема 12. место, додека црногорската комерцијална банка се наоѓа на 13. место на овогодишната листа.

„БХ Телеком“ е највредната компанија во Босна и Херцеговина. На овогодишната листа забележа пад за четири места, со што се најде на 21. позиција од највредните компании во регионот. „Македонски телеком“ падна за пет места и го зазеде 28. место на листата

Бугарската фармацевтска компанија „Софарма АД“ се наоѓа на 46. место. Извештајот, кој излегува веќе 10 години, покажува дека највредните компании од регионот доаѓаат од Хрватска и од Романија, а најголемиот профит го реализираат фирмите од Србија.

Translate »