Во крвта на 13 годишното девојче пронајдена е дрога

Нови детали од случајот со силуваното 13-годишно девојче, штитеник на Заводот за згрижување на деца со воспитни и социјални проблеми „25 Мај“,  ја разбрануваа јавноста.

Директорот на Заводот „25 Мај“ вчера си поднесе оставка од морални причини, а Министерството за труд и социјална политика очекува Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство да преземат мерки за да се пронајдат и санкционираат лицата коишто го злоупотребувале девојчето.

– Комисијата веќе утврди дека стручните служби и назначениот старател во неколку наврати ги алармирале надлежните институции за можна сексуална експлоатација на Р.И. Сега се истражуваат сите останати елементи за можно непостапување од страна на претходниот назначен старател на детето, информираа од ресорното Министерство.

Поднесена е и кривична против 18-годишно момче за случајот.

Заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска Мустафа, во интервјуто за Телма открива детали за тоа низ што се минувала 13 годишната штитеничка на Домот „25 Мај“.

Translate »