На што треба да внимавате кога купувате ПВЦ прозори!
Квалитетот на прозорите и вратите во голема мера зависи од профилот. Тој треба дa гарантира стабилност, да е издржлив, да заштитува губење на топлина, а истовремено да претставува декорација во домот. Профилите Decco се совршен избор за оние кои бараат највисоки топлински перформанси и одличен дизајн, а по разумни цени. Исто така кога бирате нови ПВЦ прозорци, покрај на профилот, треба да обрнеме внимание и на стаклото (термопанот), бидејќи тоа ја има главната улога во топлотната и звучната изолација, на дебелината на железото во ПВЦ профилот коe му дава стабилност на прозорот, како и на оковот кој има најголемо влијание во функционалноста и безбедноста на прозорецот.
Профилите Decco се со исклучителен квалитет, со различен коморен систем, согласно со највисоките ЕУ стандарди, а се достапни по поволни цени, и во неколку нијанси. Овозможуваат долгорочност на прозорите, одлична термичка изолација.
Добар избор на прозорци може да најдете во компанијата Алу – Ангелевски. Таму покрај стандардните бели ПВЦ прозори, имаат и ПВЦ прозори со карамел боја и темно кафена боја. Монтажатаја изведуваат стручни лица, кои внимаваат прозорите да се постават и нивелираат правилно, да се анкерисуваат по пропишани стандарди за да се добие очекуваната функционалност, правилно и целосно пополнувањето околу прозорите со пур пена што е важно за изолацијата, правилна опшивка околу прозорците за изолација и спречување на влага. Decco профилите имаат одличен сооднос на квалитет со цена, изведувачот дава гаранција, што го прави поволен избор.
Oстанатите елементи кои го дефинира прозорот, се исто од голема важност: Термопанот завзема поголема површина од профилот (околу 80% од прозорот отпаѓа на стаклото) и има најголем удел во изолацијата на целиот прозор. Железото во ПВЦ профил ја зголемува цврстината и стабилноста на ПВЦ профилот. Без железо внатре прозорот би се кривел и не би функционирал исправно. Оковот обезбедува функционалност и безбедност на прозорот, како и висока класа на сигурост против провали. За да прозорот функционира беспрекорно сите елементи треба да се избрани правилно и прецизно склопени. Поставениот оков да ја има потребната носивост, во профилот да се постави железо со дебелина според димензија на прозор. Прозорите од понудата на Алу – Ангелевски (070 245 423) се склопени со докажани Decco и Wintech 860 профили, и квалитетни окови и термопани.
Загубата на топлината низ прозорците претставува повеќе од 40% од вкупните загуби на топлината од домот. Заради тоа, инвестицијата во квалитетни енергетски ефикасни прозорци е една од најисплатливите инвестиции на долг рок. Прозорците не се менуваат често како мебелот или апаратите за домаќинство. Рокот на траење во просек е 30 години. Замената на прозорците отвора и други трошоци како што се разрушување на ѕидовите, изнесување шут, опшивка на ѕидовите после монтажа, така што замената не е едноставна. Токму затоа довербата треба да се даде на професионалци.