Ќе се намали ли корупцијата?

„Транспаренси интернешнл“ го објави својот Индекс за перцепција на корупцијата за 2017 година, на која Македонија бележи пад за 17 места. Во регионот таа е најниско рангирана, на 107-та позиција, а пред неа се Албанија (91 место), Косово (85 место), Турција (81 место), Србија (77 место), Бугарија (71 место), Црна Гора (64 место), Грција и Романија (59 место), Хрватска (57 место) и Словенија (54 место).

Кому ќе падне вината, дали на оваа власт или претходната?

По објавата на извештајот за поразителното место на Македонија во однос на корупцијата почна силна дебата за тоа кој е виновен за оваа состојба и со свои ставови се напаѓаа власта и опозицијата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во видео-обраќање рече дека сегашната власт нема преземено ниту еден чекор за сузбивање на корупцијата. Мицкоски вели дека иако владата ветувала општество во кое нема место за корупција, сега, како што вели, Македонија е означена како најкорумпирана држава во Европа. Тој вели дека корупцијата е распространета во сите институции.

Не останаа покуси ни од СДСМ.

„Македонија станува правна држава во која нема да има никаква толеранција кон било каков тип на корупција и во која секој оној кој ги прекршил законите ќе одговара за своите постапки. Работите се менуваат, а резултатите од тоа очекувано е да се рефлектираат за состојбите во 2018 година“-порачаа од СДСМ.

Актуелна тема претставуваат јавните набавки.

Годишно 1 милијарда евра народни пари се трошат на „ сомнителни “ јавни набавки кои се случуваат зад затворени кулиси.

Ќе се смени ли оваа состојба, ќе се донесе ли нов закон за ова прашање кој ќе овозможи поголема транспарентност и ќе се намали ли корупцијата?

 

 

Translate »