Жоелисон Фернандес де Силва од Бразил има 28-години и е највисокиот маж во неговата држава, со висина од 233 сантиметри. Тој додека растел бил толку исмејуван на училиште што со тек на време решил да престане да го посетува училиштето.

Но, неговата самодоверба почнала да расте откако на 21-годишна возраст направил операција при која му го отстраниле бенигниот тумор на хипофизата поради кој и растел толку многу. По операцијата неговата висина не стагнирала, па токму тоа и предизвикало тој да почне гордо да се движи низ својот живот.

Работите за него целосно се смениле кога се запознал со 21-годишната Еви Медеирос. Како што вели тој, се заљубил во неа истиот момент кога прв пат ја здогледал. Но, она што е најинтересно кај неа е што таа е висока само 152 сантиметри. Тој вели:

„Нашиот љубовен живот е нормален. Ние се адаптираме. Кога лежиме, сите сме со иста висина.“

Медеирос има среќа да има татко кој целосно ја прифаќа висината на нејзиниот сопруг. Тој дури и се шегува за целата работа, велејќи:

„Ќерко, ти реков да си најдеш маж, голем маж. Но, ти претера.“

Овој пар е доказ дека за љубовта навистина не постојат никакви граници. Без разлика на висината, годините, или пак бојата на кожата, љубовта може да се најде дури и во најнеобичните комбинации. Силва и Медеирос се пресреќни што имале можност да се запознаат и да почнат да го делат нивниот живот, а во моментов тие се обидуваат и да го прошират нивното семејство.