Концерт на Јосипа Лисац во Скопје
Во Македонската филхармонија на 20 април концерт по повод 50 години кариера ќе одржи хрватската пејачка Јосипа Лисац.
– Една од најуникатните музички појави воопшто во регионот на сите времиња, неприкосновената Јосипа Лисац ќе гостува во рамки на својата турнеја „50 години Јосипа“, соопшти организаторот на концертот – Авалон продукција.
Концертот во Скопје ќе биде последен во нејзината турнеја која опфати големи концерти во арената во Пула, Сава-центар во Белград и неколку последователни во „Лисински“ во Загреб.
– Се одржува само еден ексклузивен концерт и во продажба ќе бидат само 800 влезници, соопшти Авалон.
GOLDEN SEATS- 2.000 ден
SILVER SEATS- 1.500 ден
Влезниците ќе се продаваат од утре преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија.