Жестока сексуална експлоатација на Бугарките во срцето на Брисел (Видео)
Средовечни Бугарки ” работат” во познатата улица на проститутките во Брисел. Ги има околу стотина од сите делови на Бугарија. Бизнисот е легален. Жените седат во излози и привлекуваат муштерии, и тоа токму во градот во кој се донесуваат директивите и конвенциите за заштита на правата на жените и децата. Какво лицемерие. Новинарката Бенатова за бугарската Тв Нова , сними репортажа за овие жени, кои во срцето на ЕУ ги продаваат своите тела.
“Овие жени таму ги нарекуваат мадам. Најмногу се Бугарки и Романки. Кога ќе ги прашате што работат во Брисел, велат дека се чистачки. Тие не се бивши проститутки, туку обични жени. Меѓу нив има наставнички, банкарски службенички, невработени… На врвот на пирамидата се околу 60 луѓе, кои ги закупуваат овие излози, а голем дел од нив се Албанци со белгиско државјанство. Тие и плаќаат данок на државата за бизнисот кој го водат”
” За да добијат место во излогот, жените мора да плаќаат по 250 евра на ден. Останатото што ќе го заработат е за нив . Тоа значи дека мора да подмират 5- 6 муштерии за да ја исплатат “киријата”, а потоа работат за себе. Девојките кои ќе влезат во ” куќата” се запишуваат во книга , а федералните власти ја сликаат секоја нова работничка …” се вели во репортажата снимена во познатата” Аскот” улица во Брисел.