IMEL козметика која ја преферираат професионалните фризери!
Несомнено косата е најсилниот адут на секоја жена! Негувата, сјајна и здрава коса влијае на самодовербата, на доброто расположение. Жените се силно осетливи на нивната коса, која секогаш мора да биде во одлична форма! Токму поради тоа професионалните фризери се многу пребирливи при изборот на козметиката која ја користат. Тие сакаат задоволни клиенти. Токму затоа бираат квалитетна козметика која ја негува косата, и која на долг рок влијае на нејзиниот квалитет. Од тие причини особено го користат IMEL третманот со хиалуронска киселина кој помага косата да постигне максимална хидратација и да го зголеми производството на природен колаген, привлекувајќи и задржувајќи ја влагата на надворешната страна на влакното.
Imel особено е квалитетен со третмани кои вклучуваат шампон, маска и серум, и тоа различни третмани во зависност од состојбата на косата. Најдобрите третмани се Hyaluronic, Колаген, Макадамија, Арган и Кавиар.
Третманите покрај што го хранат влакното, и даваат убав и посакуван сјај на косата.
Ефикасен е и IMEL BARBA шампон против опаѓање на косата кој ја храни косата и корените, а истовремено го ограничува и спречува губењето на косата. Исто така, ги штити и ги зајакнува фоликулите на косата и ја стимулира и индуцира пролиферацијата и синтезата на клетките. Шампонот против опаѓање на косата содржи витамини, инозитол, DL-Ethylpanthol и е богат со сулфур-аминокиселини, кои ја зголемуваат видливата густина на косата за убав и младешки изглед.
Производите можат да се најдат само во фризерските салони.