СПД гласаше “за” коалиција, Меркел ќе формира влада

Две третини од членовите на СПД се изјаснија „за“ коалиција со партиите на Унијата (ЦДУ и ЦСУ). Со тоа е надмината последната пречка за нова голема коалиција во Берлин пренесува Дојче веле.

Deutschland Ergebnis des SPD-Mitgliedervotums (picture-alliance/dpa/M. Kappeler)Резултатите ги сопшти шефот на комисијата за пребројување Дитмар Нитан

По повеќемесечна неизвесност, од денеска се знае дека Германија во наредните четири години ќе ја предводи голема коалиција, составена од партиите на Унијата (ЦДУ и ЦСУ) и СПД, која ќе работи под раководната палка на канцеларката Ангела Меркел

Членовите на СПД, според денеска соопштените резултати во централата на партијата во Берлин, со 66,02% се изјаснија „за“ голема коалиција, а 33,98% беа „против“.

Infografik SPD Mitgliederbefragung GroKo DEU

Право на глас во СПД имаа 463.722 членови. Избирачките ливчиња, кои пристигнаа со полициска заштита, беа пребројувани под нотарски надзор во текот на ноќта. Гласовите ги пребројуваа околу 120 членови на СПД, кои претходно мораа да ги предадат своите мобилни телефони, за да се задржи обврската за тајност.

Шефицата на пратеничката група на СПД и идна лидерка на партијата, Андреа Налес, како и други врвни претставници на СПД, во текот на изминатите недели ги врбуваа членовите на партијата да гласаат за коалициониот договор. Внатрепартиските противници на голема коалиција, пред се’ шефот на социјалдемократската младина Кевин Кинерт, упорно инстистираа партијата да замине во опозиција, за да може да се обнови.DW.com.mk

Translate »