Предупредување за Вардар, ПИК Сегед го победи Веспрем и го раскрваве Манасков (ВИДЕО)

Пик Сегед му упати сериозно предупредување на Вардар, противникот во четвртфиналето во ракометната Лига на шампиони, со победата во финалето на Купот на Унгарија. Во финалната пресметка беше совладан големиот фаворит Веспрем со 28:27.

Ракометарите на ПИК Сегед беа подобар тим во текот на сите 60 минути, на полувремето предноста беше изразена со седум голови (17:10). Веспрем благодарение на Арпад Штербик, кој не успеа да прими гол цели шест минути во самиот финиш, дојде на само еден гол негатива, дури имаше и напад за израмнување, но шутот на Лекаи го запре хрватскиот голман Мирко Алиловиќ и му го донесе првиот тим на својот тим по пауза од 11 години. Екс ракометарот на Вардар, Хорхе Македа со седум постигнати голови беше најпрецизен во победничкиот тим, а одлична партија пружи и Дејан Бомбач со шест голови.


Овој натпревар во лошо ќе го памети и македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, кој доби удар во главата од Хрватот Блажевиќ, по што тргна да се пресмета со противничкиот ракометар но беше спречен од останатите ракометари. Од ударот Манасков заработи расекотина поради која мораше да биде повлечен од игра.

Translate »