Анкета-Кој претседателски кандидат е во предност?
Стево Пендаровски има тесно водство во однос на Гордана Силјановска Давкова пред претседателските избори на 21 април, покажа анкетата на „Детектор“ објавена на Сител.
За кандидатот на СДСМ и владината коалиција со сигурност би гласале 28,8 отсто, додека за конкурентот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ својот глас потврдиле дека ќе го дадат 26,6 отсто. За Блерим Река, зад кого стојат Беса и Алијансата за Албанците, би заокружиле 7,1 проценти од испитаните гласачи.
Кај етничките Македонци води Силјановска со 35,8 отсто, додека Пендаровски има над 17 отсто кај албанските гласачи. Силјановска води кај другите етнички заедници.
Со оглед на тоа што сите кандидати се професори, направено е посебно испитување кај студентите, а таму води Пендаровски со 26,1 отсто. Тој е најпопуларен и кај јавната администрација со 39,1 отсто пред Силјановска со 32,2 отсто.69,3 отсто рекле дека ќе излезат на гласање од тие што живеат во Македонија, односно не се иселени во странство.
Само 6,3 проценти одговориле дека треба да се бојкотираат изборите