Оваа европска земја има најголема стапка на вакцинација во светот: Голем дел од заслугата му припаѓа на еден човек

Португалија е сега земјата со највисока стапка на вакцинација во светот, според податоците од Our Word in Data. Околу 84 % од вкупната популација на земјата со 10,3 милиони жители сега е целосно вакцинирана. Ова е највисоката стапка во светот, пред Обединетите Арапски Емирате (80,8%) и Сингапур (77,3%).

Португалија е далеку напред дури и пред 27-те членки на Европската Унија, каде се вакцинирани 61,6 % од населението. Како што Португалија се приближуваше кон целта потполно да го вакцинира населението, земјата од 1 октомври ќе ги намали мерките воведени за спречување од ширење на коронавирусот.

Меѓутоа, носењето на заштитни маски и понатаму ќе биде задолжително во јавниот превоз, болницата, домовите за стари лица и трговските центри.https://ourworldindata.org/grapher/share-people-fully-vaccinated-covid?time=latest&country=DEU~JPN~PRT~SGP~ARE~USA~GBR~OWID_WRL~FRA~ISR~European+Union~CHN

Граничните ограничувања моментално важат само за луѓето кои патуваат од државите членки на ЕУ/ЕЕП како и од 20 други земји, вклучувајќи ги САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Јапонија и Сингапур, на кои им е дозволено да патуваат од неесенцијални причини, под услов да покажат доказ за вакцина или негативен тест. Сите мораат да пополнат образец за пронаоѓање на патникот.

“Ја добивме битката”

Голем дел од заслугата му припаѓа на еден човек – адмиралот Хенрик Гувеј е Мелу (60). Офицерот на морнарицата станал познат откако во февруари ја презеде одговорноста за воведување на вакцините, редовно се појавува на телевизија за да одговори на загриженоста на јавноста во врска со вакцинацијата.

Тој е лесно препознатлив дури и кога носи маска благодарејќи на неговите сини очи, седа коса и висина од 1,93 метри, луѓето често го поздравуваат на улица и сакаат да му се заблагодарат.

“Луѓето се многу љубезни”, рекол тој, но инсистира на тоа дека тој е само “врвот на леден брег” во операцијата и дека многу други ја делат заслугата.

Португалија почнала да користи големи спортски сали ширум земјата за да се воспостави тоа што Гувеј го нарекува “производствена линија”простор за прием и обработка, чекална, простории во кои се даваат вакцините и простор за одмор.

“Ја добивме битката. Не знам дали победивме во војната со вирусот. Ова е светска војна”, рекол тој.

Другите земји, кои адмиралот не ги именувал бидејќи нивните барања се да останат анонимни, ја прашале Португалија како постигнала толку голема стапка на вакцинација.

Португалците традиционално имаат позитивно мислење за вакцините, што ја олесна вакцинацијата против Ковид-19.

На пример, стапката на вакцинација против морбили, заушки и рубеола е 95% – една од најголемата во Европската Унија и нема значајни движења против вакцинација.

Translate »