Светските лидери загрижени поради растечката моќ и однесувањето на Кина

На самитот ќе се разговара за напредокот во дистрибуцијата на вакцини, инфраструктурата и технолошката соработка.

Лидерите на Квадрилатералниот безбедносен дијалог (КВАД) – САД, Јапонија, Индија и Австралија – ја делат загриженоста поради растечката моќ и однесувањето на Кина, поради што денеска ќе се состанат во Белата куќа.

На самитот ќе се разговара за напредокот во дистрибуцијата на вакцини, инфраструктурата и технолошката соработка.

Состанокот на “КВАД” се организира една недела откако САД, Велика Британија и Австралија објавиле дека го потпишале безбедносниот пакт “АУКУС”, според кој Канбера ќе добие технологија со чија помош ќе може да направи нуклеарна подморница, што наишло на осуда од Пекинг.

Лидерите на “КВАД”, претседателот на САД Џозеф Бајден, индискиот премиер Нарендра Моди, јапонскиот премиер Јошихида Суга и австралискиот премиер Скот Морисон, ќе разговараат лице во лице, откако Бајден ќе одржи утринскиот билатерален состанок со Моди, а одвоено ќе се состане и со Суга.

“Имаме некои работи што треба да ги достигнеме во областа на инфраструктурата, здравјето, науката и технологијата, вселената и сајбер просторот”, рекол неименуван службеник на американската администрација за “Reuters”.

Translate »