Вардар и „Комитите“ славеа лудо во „Ланксес“
Македонскиот ракометен првак Вардар ќе игра ново финале во Лигата на шампионите. Епската победа над Барселона и враќањето од бездната донесе меч за титула, втора во клупската историја.
Ракометарите ниту еднаш не се предадоа додека губеа, а навивачката песна ги водеше во текот на целиот меч. По средбата, вардаровото срце експлодира во „Ланксес Арена“. Се славеше исто како да е во „Јане Сандански“.
„Шампионе, шампионе…“ , грмеа ракометарите и навивачите во еден глас и го најавија финалето против Веспрем, во кое ќе се лови второто европско злато.