47 дена не одел по голема нужда, но сепак го зафркнале!
Ламар Чамберс ќе влезе во аналите на медицината. 24 годишниот поминал 47 дена во истражниот затвор , без да оди по голема нужда. За тоа имал и причина. Тој бил уапсен во јануари поради поседување дрога, а полицијата верува дека при апсењето осомничениот голтнал пакетче хероин. Тие мислеле дека Чамберс , по неколку часови или денови, со дефекација ќе ја исфрли дрогата , а потоа ке имаат доказен материјал против него. Но, се зафркнале. Чамберс успеал речиси цели 50 дена да не оди по голема нужда.
Полицајците решиле да ја сменат тактиката. Го пуштиле од истражниот затвор , а потоа , во ист момент, пак го уапсиле под ново обвинение- растурање дрога. Тој веднаш биле пренесен во болница,а лекарите биле шокирани од случајот, кој според нив , можел да заврши фатално ако дрогата влегла во системот на осомничениот.