ВМРО-ДПМНЕ -се врши притисок врз државната администрација

СДС спроведува тортура врз вработените во јавната и во државната администрација. Владата на дело го реализира ветеното од Заев за јадење живи луѓе“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, на која тој обелодени дека 600 лица вработени до Државниот секретаријат примале плата, а не оделе на работа.

„Рашковски и Заев ја злоупотребуваат власта и вршат притисок врз вработените во државните институции. Рашковски смислено им се заканува на вработените во државната администрација за да ги избрка и за на нивно место да постави партиски послушници и шарени активисти. Владата на СДС и Рашковски, за да отворат места за партиските послушници и за кадрите од невладиниот сектор кои одработија за Заев, прави директен удар врз припадниците на помалите етнички заедници кои се вработени во тие институции, како турската, српската, бошњачката, ромската и влашката заедница“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата соопштуваат дека Заев и Рашковски и сите нивни соработници ќе одговараат за незаконското работење.

„Со враќањето на демократијата и на правната држава во Република Македонија, секој еден прекршител на законот ќе биде изнесен пред независен суд и против него ќе се поведе законска и правична постапка, за добивање соодветна кривична санкција за криминалот што го сторил“, велат од партијата.

Превземено:Мета.мк

Translate »