Мајка со кану ги бараше своите деца

Во неделата вечер, во центарот на страшните поплави во Тексас, на Фејсбук се појави драматична порака на 16-годишниот Деви Салдивар. ,,Нема спиeње вечер. Се молам ова да заврши побрзо,,- напиша тинејџерката.

Неколку часа потоа младата Деви исчезна во близина на нејзиниот дом и сите стравуваат дека се случило најлошото. Заедно со нив биле нејзини браќа Доминик (14) и Ксавиер (8), сестра Даиси (6), и бабата и дедото Бела (81) и нивниот роднина Мануел (83).

Се стравува дека се сите мртви. Нивното комбе пропадна во мрачен вир од кал  во источен Хјустон, за весникот потврди Вирџинија другарката на Девина. – Комбето требаше да помине еден мост, но водата се издигна и го поклопи. Возачот успеа да излезе, тој се обиде да ги повлече деца со себе, но, за жал, не успеа, – рече во очај граѓанка за NBC. Со оглед на целата ситуација во Хјустон, полицијата е целосно немоќна.

Друга страшна случка која ги потресе жителите на Хјустон е за мајката која со кану ги бараше нејзините деца. Таа беше во очај плачеше и ги извикуваше нивните имиња. Водата беше немирна но таа беше упорна пловеше со кануто, на крајот падна во реката барајќи ги. ,,Таа само сакаше да ги најде нејзините деца,, низ слози раскажува тетката на децата Есмералда.  


Translate »