Семејството: Стјуардесите мора да одговараат за смртта на миленичето!

Инцидентот се случил во авион на компанијата “Јунајтед Ерлајнс” , кој летал  на релација Хјустон-Њујорк ЛаГвардиа. Стјуардесите го затвориле кучето во кабината за багаж  над седиштата, каде по тричасовниот лет животното се задушило и умрело. Патниците сведочат дека и покрај молбите на сопственичката на кучето, авионскиот персонал одбил да го пушти кутрето надвор да се напие вода и да земе воздух.

Кога ја отвориле кабината за рачен багаж, кучето веќе било мртво

“Жената патуваше со кучето и двете ќеркички. Никој од нас немаше ништо против кученцето да седи до нив, но стјуардесите беа немилосрдни.  Го ставија кучето во  кабината за рачен багаж, а жената ја уверуваа  дека таму ќе биде безбедно и дека нема ништо да му се случи “, посведочија патниците за Њујорк Пост.

Семејството најави тужба поради смртта на миленичето

Се огласија и од авио-компанијата . Инцидентот го оценија како трагичен и најавија дека ќе покрене истрага за случајот.

“Кучето не смееше да се стави во кабината за рачен багаж. Во целост ја преземаме одговорноста за несреќниот случај и изразуваме сочуство до семејството ” , се вели во соопштениот на Јунајтед Ерлајнс.

Според правилата на авио- компанијата ,  дозволено е миленичињата да патуваат со своите сопственици , но само ако се  затворени во кафез или куќичка  адекватна  за таа намена.

 

Translate »