Мајка осудена на две години затвор поради сексуална врска со родената ќерка

Патрициа Ан Спен  од Оклахома е осудена на две години затвор затоа што имала сексуална врска со својата ќерка.  45 годишната мајка уште како млада  го изгубила старателството над своите три деца, а нив ги израснала бабата.  По  дваесетина години се сретнала со ќерката и меѓу нив се родила инцестуална љубов. Мајката и ќерката, по две години поминати заедно, решиле и официјално  да стапат  во брак.

Мајката Патрициа, осудена на две години поради инцестуална врска со ќерката

Законот во Оклахома забранува брак меѓу блиски роднини, но Патрициа мислеле дека планот ќе им успее . Законски таа веќе не фигурирала како мајка на Мисти затоа што била избришана од изводот на родените на својата ќерка.

Вистината излегла на виделина,   случајно, за време на истрагата за злоупотреба на социјалната помош за деца без родители. Патрициа  се пријавила да сведочи за својот случај, не сфаќајки дека ќе се разоткрие и нејзината врска со ќерката.

Но, ова не е крај на овој шокантен случај. Истрагата открила дека Патрициа Ан Спен  во 2008-та година била мажена и за својот син, но бракот бил поништен по 15 месеци.

Ќерката Мисти е осудена условно

Таа сега конечно ќе  биде ставена зад решетки.  Судот ја осуди на две години затвор,  а ќе влезе и во регистарот на сексуални престапници.

 

 

Translate »