Горан Симјаноски-Светско, а наше! Ресторан Бакал
Разговор со сопственикот на Бакал- Горан Симјаноски.
Благодарение на Бакал, многу луѓе за првпат ја посетија Брвеница, а странци кои тука биле со убави впечатоци заминуваат од Македонија. Далеку од градскиот метеж со прекрасно уреден двор кој плени со својата убавина, Ресторанот Бакал е место со редовни гости, омилено сврталиште на познати лица од нашето опкружување и од регионот, кои знаат да препознаат добра храна, и кои ако треба ќе поминат и стотици километри за да уживаат со сите свои сетила во ова место. Бакал е убав во секој негов ќош, место кое има своја приказна. Цвеќињата кои преовладуваат во надворешниот амбиент, хортикултурното уредување со стил, дрвото и целиот амбиентим годат на очите, но и надушата. Просторот дава чувство на приватност и интима и покрај исполнетоста со гости. Масите се среде цветен рај, кој изобилува со бои, шаренило и зеленило. Светско а наше. Следи разговорот со неговиот сопственик г. Горан Симјаноски.
1.Која беше инспирацијата да отворите ексклузивен ресторан токму во Брвеница?
Инспирацијата е пред се во силните емоции кои ме поврзуваат токму со ова место. Овде се моите корени, семејството, пријателите, нешто што за мене е од особено значење. Овде ги запознав првите другари, тука почнав да се занимавам со спорт, ги имав првите подеми ,падови во животот, тука силно пулсира моето срце. Љубовта кон ова место, доминираше при мојата инвестиција, за кој асекако се подготвував извесен период, за да се биде најдобро реализирано.Ресторанот Бакал официјално почна со работа на 21 декември 2013 година, се наоѓа во центарот на општина Брвеница, на околу 5 км од Тетово, или за околу 15-20 минути од Скопје, доколку се оди по обиколницата. Ресторанот лесно се наоѓа, а со својот амбиент и природен мир, овозможува вистинска релаксација и бегство од бучните градски средини.
2.Посетителите го опишуваат како топло и пријатно место, со бројни специјалитети и традиционална македонска атмосфера, како ретко на кое друго место? Што се нуди?
Ресторанот нуди домашна топлина, еден семеен амбиент кој се чувствува уште со самото влегување, во права смисла на зборот македонска гостопримливост. Амбиент кој ретко се доживува, кој не се заборава, место каде се нуди квалитетна храна подготвена со многу љубов од најдобрите кулинарски мајстори. Секој ден на мени имаме свежо печено јагне, јаре, прасе, свежа риба како дел од традиционалните македонски јадења, а секако нудиме и интернационална храна, како подгорче, капама, ѓомлек, но и foie gras, magre, t bone steak, tatar beef и многу повеќе, може да се најде за секого по нешто. Големиот избор е нешто поради што гости од различни делови од македонија, но и од регионот доаѓаат во ресторанот Бакал, а ние се трудиме, да си поминат најдобро што може. Се трудиме се да биде проверено, свежо и од органско потекло така што сериозно размислувам и самите да одгледуваме дел од зеленчукот и зачините и тоа во самиот ресторан.,, Во блиска иднина планираме да се пријавиме и на интернационални конкурси за најдобри европски ресторани, и на таков начин Македонија да ја ставиме на мапата на кулинарските мајстори и експерти од цела европа, придонесувајќи за јакнење на локалниот туризам.
3.Во “Бакал” се чувствува духот на македонската традиција. И тоа преку ентериерот, гурманските специјалитети и љубезноста на персоналот, што не ретко е причина многу дипломати да го посетуваат, и воодушевени да си одат. Кои се нивните коментари?
Коментарите се навистина воодушевувачки, со желба повторно многу брзо да се вратат, што нас посебно не радува, но и не мотивира да внесуваме кулинарски новитети, да го збогатуваме ентериерот според желбите на нашите ценети гости.
3.Имате доста инвестирано и во хортикултурно уредување на просторот, што го прави ресторанот хармонично и пријатно место за целото семејство. Дали и самите сте љубители на зеленилото?
Убаво уреденото зеленило внесува дополнителен мир, спокој и хармонија во амбиентот. Тоа е средина во која секој сака да престојува, и токму затоа Ние се трудиме да го уредиме просторот најдобро што можеме. На ова поле постојано внесуваме новини, и се трудиме посетителот кога ќе дојде по извесен период да види нешто ново.
4.За кого го препорачувате?
Ресторанот го препорачувам на луѓе кои што се гурмани, кои сакаат да уживаат во добра храна и одлична услуга, и кои сакаат да поминат неколку незаборавни моменти во својот живот. А ние ќе се потрудиме сите тие да бидат третирани и услужени на најдобар можен начин, да уживаат во жуборот на водата, прекрасните растенија и уникатниот амбиент кој е креиран со многу чувство за естетика и пред се со многу љубов. Во склоп на ресторанот се наоѓа и пекара, каде што произведуваме леб и бели пецива. Асортиманот е навистина голем, на пример правиме р’жан леб кој што се прави од ржано брашно мелено на камен, и 90 % од лебот го содржи тоа брашно без никакви бои и адитиви, како и пченкарен леб исто така од пченка мелена на камен, а и неколку лебови по француска рецептура. Во склоп на ресторанот имаме и продажно место за лебот или млечен ресторан.