Утре почнува летното сметање на времето
Во недела (25-ти март), во 2 часот наутро, Република Македонија ќе премине на летно сметање на времето. Тогаш стрелките на часовникот треба да се поместат еден час напред и наместо 02 да означуваат 03 часот. За разлика од зимското време кое е „реално“ и „вистинско“, летното време е административно или указно. Истото ќе заврши во недела на 27 октомври во 3 часот по полноќ, кога повторно ќе се премине на зимското, реално време. Летното или уште се нарекува мандатно, договорно или указно време претставува административно поместување на службеното време, заради економска заштеда, политички, безбедносни, спортско-рекреативни, здравствени или други причини. Тоа значи дека поместувањето на времето не е последица на некоја природна појава, туку е административен указ.