Интензивирани средби, оптимизам за решавање на спорот со името
Трите средби за краток период на дипломатиите на двете земји водат кон конечно надминување на спорот со името, смета политичкиот аналитчар Алберт Муслиу. Според, Муслиу уште поконструктивно од вчерашните средби во Скопје на министерот за надворешни работи Никос Коѕијас е повторената размена на црвените линии околу предлозите како да се надмине спорот со името.
Коѕијас пристигна, се прегерна со домаќините, но и уште еднаш го пренесе ставот на грчката страна дека еден од условите за надминување спорот е измени во уставот, сложено и слеано име напишано без превод. И покрај повотерните укажувања на грчкиот дипломат, вицепремиерот за европски прашања, Бујар Осамни гледа историска можност. Дипломатска година за државата која никогаш нема да се повтори. ,а Македонија мора да ја искористи, коментирајќи го на Телма, гостувањето на Коѕијас.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не го дели оптимизмот на владините преставници. Првиот сомнеж дека нема воопшто да има решение, Антонио Милошски го гледа во временското поместување на терминот за конечен предлог пред јавноста.
Грчките медиуми по вчерашната посета на Коѕијас не останаа покуси да го најдат за нив „трнот во око“ а тоа е ставот на Димитров дека името треба да биде од два збора и да може да се преведува на аглиски. Грчкито весник „Стар“ ќе наведе и дека „Скопјаните сакат двојна форума за името, а нов проблем е и прашањето за Уставот“.
Медијаторот Метју Нимиц досега се држи подлаеку од политичките случувања во двете земји, а во петок во Виена ќе ги седне на иста маса дипломатите со фокус ставен да се подготви единствен нацрт-договор од нацртите што ги даваат двете земји. Нимиц претходно изрази надеж дека ќе може да даде препорака дали годинава ќе биде можен договор за спорот за името по приближно двомесечни консултации кои и понатаму продолжуваат собено со неофицијалната најава за посета на Атина на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров веднаш по средбата во Виена.
izvor Telma TV