Манастир Фуентерабија – Ексцентрична приказна, страсно и возбудливо раскажана од Јагода Михајловска-Георгиева

По многу години во манастир, Тој се размонашува. Заминува во Фуентерабија. И Таа е дојденка таму. Во сè се разликуваат. Заедничка им е само длабоката вманастиреност во самите себе. Преку неа се препознаваат крај Океанот.

Што сè нема  внатре, во ќелиите на нивните, нашите сопствени манастири, во зборовите, во молкот. Залуден ли е вечниот копнеж на човекот за прескок над ѕидовите што нè двојат и за потполно спојување со Другиот преку душите… телата?…

Ексцентрична приказна, страсно и возбудливо раскажана од авторката на  „Каменот од Твојот ден“ (Рациново признание) и „Индиго Бомбај“ ( Роман на годината на Утрински весник).

Translate »