Планум приказна

loading...

Здраво!

Јас сум новиот ПланУМ приказна, твој верен пријател и незаменлив водич низ сите школски и воншколски предизвици.

Имаш меѓу 8 и 18 години (или се чувствуваш така), твоето секојдневје е богато со најразлични активности. Сакаш забава, дружење, имаш безброј желби и планови, пробуваш да се вклопиш во училиште, да го најдеш своето место во друштвото и да бидеш другар, да ја добиеш потребната поддршка кога се соочуваш со првата симпатија, училишна задача, креативна недоумица или тешка одлука…

Ако ова наликува како сценарио на твојот филм, тогаш верувам дека си подготвен за уште една возбудлива авантура.

Низ моите страници ќе откриеш нови таленти и вештини, ќе планираш идни врвни достигнувања, ќе развиеш креативност низ забава. Ќе ти овозможам да откриеш повеќе за себе, да градиш здрави навики и да овековечиш безброј моменти за паметење.

Ти посакувам незаборавно патешествие!

Твој ПланУМ приказна

Translate »