Македонската актерка која исчезна во САД, полицијата ја пронајде закопана
Македонската актерка Адеа Шабани, која исчезна пред повеќе од еден месец и за која за нејзиното пронаоѓање или било каква информација полицијата понуди и 25.000 долари, е пронајдена мртва.
25-годишната Адеа била пронајдена во тазе ископан гроб, на околу 80 километри од Сакраменто, во Јужна Калифорнија, и тоа минатиот четврток, но телото се идентификувало денеска.
Викендов и момчето на Адеа, 33-годишниот Крис Споц, бегаше од полицијата и си пукаше во главата. Истовремено, медиумите пишуваа дека полицијата има сведок кој видел како македонската актерка била насилно турната во багажникот на автомобилот на Крис.
По исчезнувањето на младата девојка која студираше глума, сите се кренаа на нозе.