Huawei ги претстави HUAWEI P20 и HUAWEI P20 Pro – чекор напред во комбинирање на технологијата и уметноста, за напредна мобилна фотографија

Париз – 27 март 2018 година – Huawei Consumer Business Group, денес во париската изложбена сала “Grand Palais”, ги претстави долгоочекуваните нови смартфони од високата класа HUAWEI P20 и HUAWEI P20 Pro. Предводникот HUAWEI P20 Pro, доаѓа со првата во светот тројна Leica камера, а и двата модела имаат досега неостварени функции со примена на вештачка интелигенција, комбинирајќи технологија и уметност, што наговестува нов почеток на чудесно искуство на интелигентна мобилна фотографија.

Huawei постави нови очекувања за смартфон фотографијата со лансирањето на првиот модел со двојна камера HUAWEI P9. Со деби на серијата HUAWEI P20, компанијата го претвора фотографирањето на професионални квалитетни фотографии во беспрекорно доживување за секого.

“Ние ги инспирираме уметниците постојано да го развиваат нашиот пристап кон дизајнот и иновациите”, вели Ричард Ју, извршен директор Huawei Consumer Business Group . “Серијата P гради успех врз основа на традицијата на соработка со Leica. Со својата иновативна тројна камера во HUAWEI P20 Pro, модерна двојна камера во P20, моќните карактеристики на вештачаката интелигенција (АI) во двата модели, најактивните корисници да го доловуват и споделат светот во сите негови нијанси и сиот негов сјај “, додава тој.

Постигнувајќи највисоки резултати во тестовите DxOMark, серијата HUAWEI P20 вклучува модерен, интелигентен фотографски систем кој го подобрува корисничкото искуство.

Главните карактеристики на HUAWEI P20 серијата се:

  • Напреден систем на камерата што овозможува поголем проток на светлина при сликање, повеќе детали и почиста убавина, со револуционерната тројна камера од Leica на HUAWEI P20 Pro, кој воедно е уред со највисок број на пиксели во индустријата на паметни телефони, како и со новата двојна камера од Leica на HUAWEI P20;
  • Иновативни функции на камерата, како што е Master AI – базиран на AI технологија за професионална фотографија, , како и HUAWEI AIS – моќна технологија што применува вештачка интелигенција за стабилизација на сликата, можност за досега неостварливи ноќни фотографии од рака;
  • Безвременски дизајн со фини препознатливи бои и завршетоци
  • Исклучителни перформанси, со процесорот Kirin 970 со прецизен NPU и нов интерфејс EMUI 8.1 базиран на Android ™ 8.1 за премиум и непречено корисничко искуство.

Заедно со HUAWEI P20 и HUAWEI P20 Pro, Huawei најави и третата генерација на серијата PORSCHE DESIGN HUAWEI Mate RS. PORSCHE DESIGN HUAWEI Mate RS што се одликува со легендарен дизајнерски потпис и визија на Porsche Design, како и најнапредна технологија на Huawei, што наметнува нов стандард во сегментот на премиум смартфони.

HUAWEI P20, HUAWEI P20 Pro, HUAWEI  најави и трето поколение на серијата PORSCHE DESIGN HUAWEI Mate RS ќе бидат достапни на македонскиот пазар од април месец. Уредот нуди симболичен дизајн и визија на Porsche Design и најнова технологија на Huawei, поставувајќи нов стандард во премиум сегментот на паметни телефони.

Извонредна комбинација на уметност и врвна технологија за нови модни трендови

Серијата HUAWEI P20 се одликува со извонредна и модерна естетска визија. Највпечатливо е дека HUAWEI P20 и HUAWEI P20 Pro доаѓаат и во нови ексклузивни, модерни бои – Twilight и Pink Gold постигнати преку нанесувањето на неколку слоја NVMC оптички облоги под стаклените панели, така што светлината се прекршува на површината и создава рамномерна распределба во боите на куќиштето од ударно сина до ефект на поларна светлина. И двата модела ќе бидат понудени исто во боите Black и Midnight Blue.

HUAWEI P20 и HUAWEI P20 Pro исто така имаат HUAWEI FullView дисплеј (5,8-инчен за HUAWEI P20 и 6,1-инчен за HUAWEI P20 Pro), со ултра тенки рамки и импресивни пропорции на екранот на телото, како и дисплеј кој беспрекорно се спојува со заоблени краеви за удобно задржување во рака.

Инспириран од светлината и технологијата – неверојатен уред, создаден за секој фан на фотографијата

Серијата HUAWEI P20 ја одразува уметноста на светлината со напреден систем на главната камера, која го крева на ново ниво практично секој аспект на мобилната фотографија. HUAWEI P20 Pro има тројна Leica камера со највисок број на пиксели во smartphone индустрија досега- конфигурацијата се состои од 40 мегапиксели RGB сензор, 20 мегапиксели монохроматски сензор и 8-мегапиксели сензор со телефото објектив. Камерата исто така интегрира сензор за температура на бојата за подобра репродукција на боите. Со широка решетка со f / 1,8, f / 1.6 и f / 2.4 за фаќање на јасни детали до совршена чистота, HUAWEI P20 Pro вклучува и нови Leica VARIO-SUMMILUX (VARIO-SUMMILUX-H 1: 1.6-2.4 / 27-80ASPH) објективи со 3x оптички и до 5 кратен зум за одлични слики на објекти од голема далечина, како и поголем висок сензор за сликите, за фаќање на кадри во услови на слаба осветленост со ISO до 102400.

HUAWEI P20 го надградува својот претходник P10 со целосно нова двојна Leica камера со 12MP сензор со големина на пиксели до 1,55 μm и 20 мегапиксели монохроматски сензор, подобрувајќи способноста на уредот да снима кадри при слаба осветленост кај соодветните поставувања. Во прилог, HUAWEI P20 и HUAWEI P20 Pro одржуваат стабилизација по шест оски и режим на бавно движење (slow motion) со 960 слики во секунда за јасни и детални снимки (неостварлив со голо око, што е 4 пати повеќе од стандардните 240fps). Во режимот Ultra Snapshot, уредите можат да снимаат слики за помалку од 0,3 секунди со двојно допирање на копчето за јачина на звук, дури и кога екранот е исклучен.

Маестрална фотографија со вештачка интелигенција (АI) за секого и секаде

Со процесорот Kirin 970, базиран на прецизниот Neural Network Processing Unit (NPU),  камерата на серијата P20 препознава над 500 сценарија во 19 различни категории, избирајќи ги соодветните поставувања самостојно за неверојатни и професионални кадри. HUAWEI AIS (AI стабилизација на сликата) од своја страна поддржува фотографирање од рака на кадри со исклучителен квалитет, без да е потребен статив. Кон ова додадете ја и новата функција на HUAWEI за предвидување на 4D фокус. Во овој режим камерата го прогнозира движењето на предметите и се фокусира на нив со исклучителна ефикасност, за да ги сними најситните детали, додека се во движење. Ново на целиот спектар на уреди е т.н. функција AI-Assisted Composition која дава интелигентни предлози за правилна композиција, зацрвстувањето хоризонтот, позиционирање на групата во групен портрет и пејзажни фотографии.

HUAWEI P20 и HUAWEI P20 Pro располагаат со 24-мегапикселна предна селфи камера со вграден функција со вештачка интелигенција за разубавување и осветлување на 3D портрети, а резултатот се убави селфи фотографии со автоматска корекција на тенот на кожата, деликатно исцртани детали на лицето и реален пренос на 3D сцената.

Huawei разви и сопствена верзија на Prisma за палетата HUAWEI P20 која поддржува препораки за филтри во реално време базирани на препознавање на објекти и сценарија. Дополнително во партнерство со Google, моделите P20 одржуваат Google ARCore за да обезбедат напредни можности за вештачката интелигенција.

Соработка со PORSCHE DESIGN, што резултира со нова димензија на врвен квалитет и технологија

PORSCHE DESIGN HUAWEI Mate RS ги комбинира естетиката на брендот на Porsche Design со инженеринг експертизата на Huawei, наметнувајќи нов стандард во премиум сгементот на смартфони. Моделот има тројна Leica камера со највисок број на пиксели во smartphone индустрија до моментов – конфигурацијата се состои од 40 мегапиксели RGB сензор, 20 мегапиксели монохроматски сензор и 8-мегапиксели сензор со телефото објектив. Ова е прв паметен телефон во светот со воздушна технологија за одржување на безбедна температура. Освен тоа PORSCHE DESIGN HUAWEI Mate RS има иновативен сензор за отпечатоци, вграден во екранот, кој им овозможува на корисниците да го активираат уредот само со едно движење со прст над екранот. Сензорот за отпечаток од прст, исто така, може да се користи за отклучување на уредот или пристап до второ, сигурно место. 6-инчниот HUAWEI Mate RS со OLED 2K закривен екран ќе биде достапен во црно и за прв пат во шик црвено.

Слично на бизнис палетата Mate, P20 и PORSCHE DESIGN HUAWEI Mate RS имаат HUAWEI SuperCharge полнач што има меѓународен TÜV сертификат за безбедност. HUAWEI P20 Pro и Mate RS доаѓаат со силна 4000 mAh батерија, а P20 располага со 3400 mAh, како и кај двата модела потрошувачката на енергија е управувана од вештачка интелигенција, за дополнително продолжување на нејзиното траење. PORSCHE DESIGN HUAWEI Mate RS е и првиот смартфон од Huawei, кој има брз безжичен полнеж.

Заедно со новите модели од серијата P20, Huawei најави два нови аудио додатоци: HUAWEI FreeBuds и HUAWEI Active Noise Canceling Earphones.

HUAWEI P20 и HUAWEI P20 Pro се Twilight, Black, Midnight Blue и Pink Gold. На македонскиот пазар ќе бидат достапни боите Twilight, Black, Midnight Blue за P20 Pro и Black, Midnight Blue и Pink Gold за P20.

За Huawei Consumer Business Group

 

Со 16 центарри за истражување и развој во земји како Германија, Шведска, САД, Русија, Индија и Кина, услугите и производите на Huawei имаат пазарно присуство во повеќе од 170 држави, опслужуваат повеќе од една третина од светското население. Huawei е рангиран на трето место по нарачки на мобилни телефони за 2014 година. Како една од трите бизнис групи на Huawei, Huawei Consumer BG нуди мобилни телефони, мобилни уреди со голема брзина, домашни уреди и cloud услуги. Глобалната мрежа на Huawei се темели на 20 години искуство во телеком индустријата и е посветена на тоа да ги обезбедува корисниците ширум светот со последни технолошки достигнувања.

За повеќе информации, ве молиме посетете ја страницата:

http://consumer.huawei.com/mk/index.htm

За редовни вести – следете ги социјалните мрежи:

Facebook: https://www.facebook.com/HuaweimobileMK/

Instagram: https://www.instagram.com/huaweimobilemk

Twitter: https://twitter.com/HuaweiMobileMK

YouTube: https://www.youtube.com/channel/UCnJWEI4tAYyKv9U1gS3WzAA

 

Translate »